Книга: „Највисокото дно“ – книжевен и општествен експеримент

81

Замислен како своевиден книжевен и општествен експеримент, ракописот „Највисокото дно“ на Марија Митева содржи вкупно 12 раскази организирани во систем кој има за цел да функционира како една кохерентна целина.

„Од 12- те раскази, 10 се пишувани според поетска предлошкa. Структуриран како хибрид, ракописот ‘Највисокото дно’ во фокусот поставува карактери-прототипови на луѓе од секојдневието на кои во фингирани ситуации им се дадени сите услови за удобен живот но, прашањето е: дали тие умеат да се снајдат? Притоа, акцентот е ставен на индивидуалните и на општествените аномалии, како и на некои актуелни дилеми: феноменот на телесноста, идентитетот, современото чувство на отуѓеност, релацијата во љубовта, односот родители-деца…“, посочуваат од „Полица“.