Книга: „Медеја“ – древната приказна преобразена во релевантен коментар

66

Медеја е една од најозлогласените жени во канонот на грчката трагедија: презрена жена што ги жртвува своите деца пред својот љубоморен бес.

Во истоимениот роман –„Медеја“, Криста Волф го истражува овој мит, откривајќи жестоко независна жена вплеткана во брутална политичка битка. Медеја, водена од совеста да ја напушти својата корумпирана татковина, пристигнува во Коринт со својот сопруг, херојот Јасон. Тој е добредојден, но таа е означена како аутсајдер, а потоа ја открива ужасната тајна зад правото на власт што го полага кралот. Не сакајќи да ја игнорира ужасната вистина за државата, таа станува закана за кралот и за неговите немилосрдни советници; напуштена од Јасон и претворена во жртвен јарец за јавноста, таа е проколната како вештерка и убиец.

Како остар политички набљудувач, Криста Волф ја преобразува оваа древна приказна во изненадувачки релевантен коментар за нашето време.