Книга: „Книгите кои го проголтаа татко ми“ – неверојатно кус и инвентивен роман

92

„Книгите кои го проголтаа татко ми“ на Афонсо Круж е неверојатно кус и инвентивен роман, и ни отвора авении што нè растресуваат до сржта, и на еден едноставен и директен начин нè потсетува зошто воопшто постојат литературата и читањето.

Во него, Вивалдо Бонфин е службеник со здодевна работа, па честопати во даночната канцеларија во која работи си чита новели и романи. Еден ден, додека се преправа дека напорно работи, се губи во читањето и исчезнува од овој свет. Ова е неговата вистинска приказна – раскажана од син му, Елијас Бонфин, кој тргнува во потрага по татка си, патувајќи низ класиците на литературата во кои е преполно со убијци, неизмерни страсти, диви ѕверови и други опасности создадени од букви.