„Заговорот Моцарт“ на Скот Маријани е трилер во кој се испреплетени убиство од минатото и едно таинствено и мистериозно здружение.

„Според официјалните извори, Оливер погинал во трагична несреќа. Меѓутоа фактите не се совпаѓаат и поранешниот САС-ов оперативец го наведуваат на неочекувана трага од минатото – Моцартовата мистериозна смрт. Истражувајќи понатаму, тој открива дека славниот композитор, инаку истакнат масон, го убила таинствена група која се отцепила од тој култ. Единствените траги се наоѓаат во прастарото писмо, за кое се верува дека го напишал самиот композитор…“, ќе посочи издавачот „Матица македонска“.