Книга: „Бело се пере на деведесет“ – за растењето, загубите, стравот

79

„Бело се пере на деведесет“ од словенечката авторка и новинарка Броња Жакељ е шокантен, духовит и инспиративен роман, што ја бележи животната приказна на нараторката, која во прво лице раскажува за своето детство во седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век, па сè до денес.

Во нејзините живи спомени на детските денови има врволица од луѓе, роднини и пријатели и богат социјален живот, што повеќепати нескриено и со носталгија таа ги поврзува со животот во рамките на поранешната република, кога се организирале групни летувања, колективни зимски екскурзии и кога луѓето главно биле безгрижни. Но, покрај тоа што овој роман во основата е наратив за растењето, истовремено е и соочување со загубите и со болеста и го доловува напорот за припитомување на стравот и на сето она што не сакаме да го видиме додека не се соочиме со него неминовно.