Клоп се распрашува за Дембеле

53

Близок извор до таборот на актуелниот светски и европски клупски шампион, тимот на Ливерпул, откри дека менаџерот на „црвените“, Јурген Клоп, во последниот период се распрашувал за достапноста на францускиот интернационалец од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Осман Дембеле.

Крилниот напаѓач се уште е повреден и нема да биде достапен до крајот на актуелната сезона, а освен честите повреди и проблематичното однесување, Клоп ќе мора убаво да размисли и околу обештетувањето кое сигурно нема да биде помало од 120 мил. евра.