Љубителите на спортот, особено оние на ракометот ќе добијат интересно четиво во кое ќе биде опишан патот до врвот на најдобриот ракометар во светот Кирил Лазаров. Македонецот, кој е најдобар стрелец во Лигата на шампионите на сите времиња и рекордер по многу други основи кога во прашање е ракометот ја пишува својата автобиографија во соработка со српскиот новинар Жока Богдановиќ, осбовач на регионалниот ракометен портал „Балкан Хендбал“

-Со полно ентузијазам и енергија влегов во овој проект на пишување автобиографија. Несебично се вложив и кажав некои работи кои може да им послужат на сите генерации, особено на оние новите, да видат колку е тежок патот до врвот, а уште послатко е кога си на него. Ми требаше многу време и енергија да се присетам на најинтересните случувања во изминатите триесет години во ракометот. Се надевам дека вистинските и конкретните примери ќе бидат од корист на моите фанови низ цела Македонија, Балканот и цела Европа. Ова е ново искуство и за мене. На книгата пристапив со голема гордост и задовлолство, вели Лазаров за „Балкан Хендбал“.

Автобиографијата на селекторот и капитен на македонската репрезентација треба да излезе на пазарот до крајот на оваа година.

Во меѓувреме Лазаров со селекцијата на Македонија, односно со играч лкои ихраат во македонскиот шампионат оддигра две пријателски средби со Србија во Ниш. На првиот натпревар избраниците на Лазаров беа поразени со 29:26, а втората средба ја загубија поубедливо со 33:23.  Целта на селекторот на овие два натпревари беше да ги испита силите на ракометарите кои играат во домашниот шампионат и кој играч колку може да даде во сениорскиот национален тим.