Новиот селектор на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров, се фати за работа во пресрет на двомечот против селкцијата на светскиот шампион Данска, во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2022 година.

Тој заедно со совите помошници Ацо Јоноски, Филип Миркуловски, Бранислав Ангеловски и Билјана Црвенковска ги стартуваа подготовките со тренинг на кој беа присутни скоро сите играчи, со исклучок на Жарко Пешевски, кој од Германија ќе пристигне утре. Целта е да се покаже подобра слика од она што репрезентацијата го одигра на Светското првенство во Египет.

Првиот од двата меча со Данска е во Скопје, а потоа следи гостување во Алборг. И Македонија и Данска одат на мегдан со две победи на двете претходни средби во квалификацискиот циклус.

Фото:П. Стојановски