Кинеските вакцини стигнуваат во недела со два авиони, а утре нова пратка на „Фајзер“

62

Кинеските вакцини стигнуваат во недела во два авиони по 250 илјади дози во 14 и 16 часот, и веќе е направен план за складирање на две места, информираше утрово министерот за здравство Венко Филипче

Тие ќе бидат пуштени во употреба на почетокот од идната недела.

„ Кинеските вакцини стигнуваат во недела со два авиони по 250 илјади дози, веќе е направен план за сместување. Верувам дека во понеделник и вторник ќе бидат пуштени во употреба. Утре стигнуваат 100 илјади вакцини на „Фајзер“ преку ковакс системот“, рече Филипче.