EPA-EFE/Nick Didlick

Освојувачот на Малиот кристален глобус во спуст и во супервелеслалом минатата сезона, 39-годишниот Норвежанец Амот Килде, со победа ја отвори новата сезона во Светскиот куп во алпско скијање, триумфирајќи во спустот во канадскиот зимски центар Лејк Луси.

Килде ја мина патеката долга три километри за 1:47:98 минути, пред Даниел Хемецберг од Австрија, кој заостана шест стотинки, и пред третопласираниот Швајцарец Марк Одермат, кого само десет стотинки го делеа од првата победа во спуст.

За Килде, ова е вкупно 14. победа во кариерата на трките од Светскиот куп.

Норвежанецот сега има по седум триумфи во спуст и во супервелеслалом.

По две трки во новата сезона, во водство во генералниот пласман е Одермат со 160 бода, а втор е Килде со 100 бода.