Кризата од немање натпреварувања заради пандемијата со коронавирусот ги погоди и најсилните, па така данските медиуми пренесоа дека ракометарите на Кил, се согласиле на намлување на платата од 50 процени до крајот на годината.

Ова за данските медиуми го откри најдобриот ракометар за 2019 година, Данецот Никлас Ландин, кој го подолго време е чувар на мрежата на бундеслигашот. Тој истакна дека сите членови на тимот се солидаризирале платите да бидат намалени.

-Клубот е силно погоден од кризата. Ми се чини дека Кил е меѓу најзагрозените, бидејќи секогаш има големи приходи од навивачите, изјави Данецот и додаде дека платите ќе бидат намалени до крајот на годината.

Данските медиуми шпекулираат дека поранешниот чувар на мрежата на Рај Некар Левен, кој од 2015 година е во Кил, заработува околу 270.000 евра по сезона и дека сега оваа сума е преполовена.