Кејт Мидлтон и принцот Вилијам објавија слика од принцот Луис за неговиот трет роденден

572

Војвотката и војводата од Кембриџ, Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, објавија нова фотографија од својот најмал син, принцот Луис.

Повод е неговиот трет роденден денеска.

Фотографијата од насмеаниот тригодишен принц на црвен велосипед, според наводите, е снимена од страна на војвотката на почетокот на оваа седмица. Освен неговиот роденден, фотографијата исто така го означува и неговото поаѓање во градинка.

Веќе е традиција во ова кралско семејство – секоја година на роденденот на некое од децата да објавуваат фотографија од малечкото. Британската кралска двојка има три деца – најголемото, принцот Џорџ има седум години, а принцезата Шарлот, која е средно дете има пет години.

Извор: МИА