Поради своите лековите состојки, кефирот се смета за голем сојузник на здравјето. Поради многубројните придобивки, кефирот е подобар од јогуртот и затоа треба барем повремено да го замениме со овој напиток.

Кефирот е толку здрав и затоа го нарекуваат „магично млеко“. Се прави од козјо, кравјо или овчо млеко, кое е помешано со зрнцата кефир и оставено да ферментира. Преполн е со пробиотици, здрав квасец, витамини, минерали, и хранливи состојки.

Лесно можат да го консумираат и оние луѓе кои имаат проблеми со интолеранција на лактоза.

Еве како кефирот влијае на здравјето:

– Го зајакнува имунитетот

– Го чисти телото од токсини

– Го одржува нормален крвниот притисок

– Го намалува нивото на холестерол

– Помага при стомачни проблеми

– Ја обновува цревната флора и ги ублажува болестите на цревата

– Помага при болести на бубрезите, црниот дроб и жолчката

– Делува како природен антибиотик (лекува воспалени процеси)

– Помага при анемија и слаба циркулација

– Лекува респираторни болести

– Помага при стрес, несоница и болести на нервниот систем

– Го забавува ширењето на клетките на ракот

– Делува против габи и бактерии

– Помага при астма и алергии