Креместа, лесна, освежителна сладолед торта

350

Тортата е многу вкусна, лесна, кремаста, како сладолед. Буквално се топи во уста. Одличен предизвик за сите оние кои обожуваат ледени десерти во зима.

Потребно е:

За филот:

  • 4 жолчки
  • 600 мл млеко
  • 10 гр ванилин шеќер
  • 80 гр шеќер
  • 40 гр пудинг од ванила
  • 1 лажица густин
  • 125 гр путер
  • 120 гр чоколадо (100 гр за готвење и 20 гр чоколадо со лешници)
  • 1 лажичка какао
  • 40 гр лешници
  • 30 гр мелена плазма

За кората:

  • 4 белки прстофат сол
  • 100 гр шеќер

80 гр брашно

  • 50 гр лешници
  • 1 лажичка прашок за печиво

 

За украсување:

  • шлаг (70 g + 100 ml млеко)
  • рендано чоколадо

Приготвување:

Прво подгответе го филот, и додекаДА се олади, печете ја кората. За филот ставете 400 мл млеко со шеќер и ванилин шеќер, да се готви. Во меѓувреме, во сад комбинирајте жолчки од јајце со пудинг од ванила, лажица густина (или брашно) и 200 мл млеко. Сипете ја изматената смеса во вареното млеко и варете додека филот не се згусне. Извадете го филот од шпоретот и додадете чоколадо и какао. Покријте го филот со фолија за да не се фати кора и оставете го да се излади. Во студениот фил додадете путер и изматете со миксер. Додадете ситно исечкани (или мелени) лешници и мелени бисквити, па изматете ги со миксер за да се соединат состојките.

За кората почнете да ги матите белките со малку сол. Постепено додавајте го шеќерот и продолжете да мешате додека не добиете шам. Додадете го просеанотоп брашно, прашокот за пециво и ситно исечканите лешници. Премачкајте калап со дијаметар од 24 см со масло и посипете го со брашно или ставете хартија за печење. Прелијте ги изматените белки.

Печете во загреана рерна на 180 ° C 15 минути. Ако ставите хартија за печење, тргнете ја, а потоа постепено посипете ја кората со 100 мл млеко. Избпвкајте ја кората со виљушка за подобро да го апсорбира млекото. Прелијте со чоколаден фил.

Оставете ја тортата во фрижидер преку ноќ за да се зацврсти филот. Украсете ја тортата со шлаг и рендано чоколадо или по желба.