Кевин Дурент го повреди коленото на мечот со Њу Орлеанс (120:105) и како што потврдија од тимот на Бруклин тој ќе биде надвор од теренот на неодредено време. На еден од најдобрите играчи на денешницата му е дијагностицирана повреда на медијалните колоретални лигаменти на левото колено, а стручниот штаб на чело со Стив Неш се надева дека Дурент би можел да биде на теренот за четири до шест недели.

Американскиот кошаркар дојде во Бруклин од Голден стејт во 2019 година, а паузираше една година поради повреда на ахиловата тетива. Сезонава има просек од 29.3 поени, 7.4 скока и 5.8 асистенции.

Нетси се втори на Западот со учинок 27-15, а во повеќето натпревари не можат да сметаат на Кари Ирвинг кој не сака да се вакцинира.