Ништо нема подобро да нè разбуди од топла шолја кафе. За повеќето луѓе, првото утринско кафе е апсолутна потреба и посебен ритуал.

Поради оваа навика не треба да се чувствувате виновни, затоа што консумирањето кафе има многу здравствени придобивки, од кои едната е да го заштитите мозокот од деменција.

Иако кафето е добро за нашето тело, никогаш не треба да се пие на празен стомак, бидејќи кафето може сериозно да го наруши дигестивниот систем и може да го забрза процесот на стареење. Пиењето кафе на празен стомак може да ги оштети мукозните мембрани на желудникот и да предизвика лошо варење и киселост.

„Покрај тоа, ова не е единствениот ризик. Пиењето кафе на празен стомак може да предизвика вознемиреност и промени во расположението “, велат лекарите.

Кафето може да ги зголеми симптомите на вознемиреност и да го забрза чукањето на срцето, предизвикувајќи раздразливост и неможност за фокусирање.

Се разбира, некои луѓе со години консумираат кафе на празен стомак и се чувствуваат добро. Ако ова важи за вас, можете да го продолжите вашиот мал утрински ритуал за пиење кафе.

Сепак, диететичарите, препорачуваат да пиете кафе со вкусен појадок, но ако не сте љубител на појадок, пред кафе треба да јадете овошје или парче леб. Вашиот стомак ќе ви биде благодарен.