Кафе или чај – кога го избирате омилениот стимуланс, количеството е пресудно

138

Кофеинот е познат и признат природен стимуланс. Иако прва асоцијација за омилена доза кофеин на мнозинството луѓе им е кафето, оваа состојка е присутна и во чаевите, чоколадата и во многу други продукти.

Кога се во прашање напитоците, присуството на кофеин варира од вид во вид и зависи од начинот на приготвување.

 

Колку е сигурен?

Се проценува дека 80 отсто од светската популација секојдневно консумира некои производи што содржат кофеин. Според некои стручни установи сигурното количество кофеин што треба да се внесе во организмот е ограничен на 400 мг на ден, 200 мг по доза или 3 мг по килограм телесна маса.

Кофеинот поради стимулативните ефекти е поврзан со здравствените предности како зголемена будност, подобрени спортски перформанси, подобрено расположение и забрзан метаболизам.

Количеството на кофеин зависи од типот на пијалакот и начинот на приготвување

Уделот на кофеинот во кафето или чајот зависи од потеклото, видот и подготовката на напитокот. Листовите чај можат да содржат до 3, 5 отсто кофеин, а зрната кафе 1,1-2,2 отсто. Меѓутоа, постапката на приготвување на кафето користи топла вода која од зрната извлекува повеќе кофеин отколку што има во чајот.

Видови чај

Црниот, зелениот, и белите чаеви се приготвуваат од листовите од истоимената билка, камелиа синенсис. Она што ги разликува е времето на берба и нивото на оксидација на листовите. Листовите на црниот чај оксидираат, додека листовите на белиот и зелениот чај не. Тоа му го дава на црниот чај нагласениот и остар вкус и го зголемува процентот во кој кофеинот од листовите се наоѓа во врелата вода, истакнува Чин и сур.

Просечна шолја црн чај содржи 40 мг кофеин, ама може да содржи дури 76 милиграми. За споредба, зелените чаеви содржат 17-39 милиграми, а белите даваат 5-50 милиграми кофеин по шолја.

Исто така, ако билните чаеви се продаваат како оние без кофеин, една шолја од овие чаеви може да содржи до 12 милиграми кофеини, но тоа се смета за незначително количество.

Приготвувањето на чајот

Приготвувањето на чајот може значајно да влијае на процентот на кофеин во чајот. Оние кои се чуваат подолго во топла вода по правило се појаки, односно имаат поголеко количество кофеин. На пример, присуството на кофеин во чај кој стои една минута во вода како и ако иститот се остави три миути и повеќе во вода, ќе се зголеми трикратно.

Приготвување на кафето

Како и во случајот со чајот, колку е водата потопла, толку е појако кафето, а кафето обично се вари во вода многу потопла од онаа за чај, меѓу 90 и 96 степени Целзиусови.

A cup of coffee

Што да се избере?

Кофеинот има многу брзо дејство, тоа ќе се почувствува веќе 20-60 минути по консумацијата. За личностите почувствителни на кофеин се препорачува да избираат бели или билни чаеви, како и да ги процедуваат по една минута. Бескофеинските напитоци се исто така поприфатливи за оние кои се чувствителни на оваа потентна состојка.

Наспроти тоа, љубителите на кофеинот и неговото дејство избираат еспресо, зелени и црни чаеви и ги оставаат да отстојат подолго, а процентот на кофеин да биде што посилен.

За да се остане во пропишаните рамки, се советува да не се испие повеќе од 400 милиграми кофеин на ден, односно не повеќе од 200 милиграми наеднаш.