Катна гаража на местото на бараките на Град Скопје

436

На местото на административните бараки на Град Скопје ќе се изведе нов монтажен паркинг.

За потсетување, со одлука од Владата на Никола Груевски, на ова место беше предвиден деловен објект со висина од 25 метри.

Со новиот ДУП Градска четврт З 12 – Парк 1 и дел од Дебар Маало 2, деловниот објект се избриша и на негово место се вцрта монтажен паркинг.

Планот од 20 јануари е изложен на јавна анкета, која ќе трае до 31 јануари, а в понеделник ќе се одржи јавна презентација.