КАТЕРИНА ШИПОВИЌ ГО ИСТРЧА СПАРТАТЛОН: Првата Македонка на историската трка од 246 километри/ФОТОГАЛЕРИЈА

1816

За 34 часа, 36 минути и 03 секунди, нашата ултрамаратонка Катерина Шиповиќ ја истрча една од 10-те најтешки ултрамаратонски трки во светот Спартатлон, која се трча од Атина до Спарта, во должина од 246 километри.

Катерина Шиповиќ, вчераутро стартуваше на СПАРТАТЛОН, една од најпознатите на светската мапа на трки, и воедно таа е првата натпреварувачка од Македонија која учествува и ја заврши оваа трка.

Должината на оваа трка е 246 километри, односно се трча од Атина до Спарта со временски лимит на завршување на трката од 36 часа, што ја прави оваа трка многу предизвикувачка за натпреварувачите.

Катерина Шиповиќ со ултрамаратонско трчање започна во 2015 година и една од нашите најпознати и најтрофејни ултрамаратонци. Таа е државен првак на трката на 24 часа со истрчани 180 километри. На Спартатлон, во тимот за поддршка на Катерина беа и ултрамаратонците Дарко Шиповиќ и Виктор Најдовски.

ДА НАВИВАМЕ ЗА КАТЕ: Првата ултрамаратонка од Македонија која трча на СПАРТАТЛОН