Менаџментот на Барселона има две опции за привлекување на Антоан Гризман, објави „Мундо депортиво“. Секој од нив ги крие свои недостатоци, а одлуката исто така може да биде клучна за целокупната трансфер политика на тимот ова лето.

Првата опција е Каталонците да се договорат со Атлетико за цената на Гризман, која е содржана во договорот – 120 милиони евра. При такво сценарио „лос кулес“ ќе можат да го исплатат износот на рати, но и ќе треба да платат даноци во износ од 21% од трансферната сума, што значи дека целата сума за Гризман ќе порасне до 145 милиони евра.

При другата опција – и недоразбирањето помеѓу двата клуба, Барселона ќе мора да ја депонира сумата од 120 милиони евра во канцелариите на Ла Лига. Ова значи дека Каталонците ќе мора да ја платат целата сума, што во пракса ќе го спречи клубот да направи уште еден голем трансфер – оној на Нејмар.