Руската олимписка шампионка од 2012 година во ритмичка гимнастика, Каролина Севасјанова, важи за една од најубавите спортистки и жени во светот. Таа неодамна беше во центарот на вниманието по фотосесијата со Конор Мекгрегор во чија прегратка беше, а сега повторно го привлече интересот на светските медиуми.

Гимнастичарката објави провокативни фотографии од плажата Форте деи Марми, која се смета за едно од најелитните места, во северна Тоскана и е многу популарно место за оние со подлабоки џебови.

Севасјанова реши да ги посонча голите гради, поради што голем број очи беа насочени кон неа.

По освојувањето на златото во Лондон на Олимписките игри, Каролина Севасјанова реши да ја прекине својата спортска кариера и да се посвети на факултетот и ТВ-водителството.