Камбек на Алексис Санчез

109

Поголемиот дел од англиските медиуми ја пласираа и информацијата дека раководните лица на Манчестер Јунајтед сакаат повторно на располагање да ги имаат услугите на чилеанскиот интернационалец Алексис Санчез.

Крилниот напаѓач е во сопственост на „црвените ѓаволи“ но моментално настапува како позајмен играч во редовите на италијанскиот калчо гигант Интер. Поради тешката повреда, која ја заработи на почетокот од сезоната, Санчез има одиграно само седум натпревари за Интер. Челниците на Јунајтед сериозно размислуваат за прекин на позајмицата и за враќање на Чилеанецот на „Олд Трафорд“.