Камавинга по секоја цена

55

Шпанскиот гигант Реал (М) сака на секаков можен начин да ги осигура услугите на големиот талент од редовите на францускиот прволигаш Рен, Едуардо Камавинга.

Челниците на „кралскиот клуб“ се убедени дека 17-годишниот играч за врска може да биде идеална замена за хрватскиот интернационалец Лука Модриќ, кој сигурно ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“ на крајот од актуелната сезона.

Камавинга ќе ја добие потребната дозвола за да се пресели во Мадрид само доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 50 мил. евра.