Во ревијалниот дел на „ Kaliopi fan art“ нашата претставничкa Марија Спасовска, ја изведене нумерата „Месечина“, на нашата позната пејачка Калиопи. Букле толку многу беше воодушевена од  Марија, па одлучи и ја прогласи за домаќин на натпреварскиот настан.

https://www.facebook.com/KaliopiOfficialPage/videos/856363931439288/UzpfSTEwMDAwNjUxODg1MTYxOToyODQ1NTEyMzY5MDA5MzY0/

 

– Таа е наша јуниорска ѕвезда на Евровизија и домаќин на „ Kaliopi fan art“, напиша Калиопи на нејзините социјални мрежи, објавувајќи фотографија од Марија.

Објавената фотографија

Преку пеење, правење музика, танцување и цртање на темата на нејзините песни од понудениот список Калиопи-Караоке, пејачката организираше  натпревар на Интернет, наречен „Kaliopi fan art“, за сите  нејзините следбеници ширум светот. Натпреварот започна пред некое време, со цел да се седи дома поради коронавирус.

Инаку, Марија Спасовска во 2018 година не претставуваше на Детска евровизија во Минкс, Белорусија, со песната „Дома“ и го освои дванаесеттото место. Таа со пеење се занимава од само четири години, а до сега има три песни „Играј со срце, „Дома“ и најновата песна „Сакам“.

Таа за ВЕЧЕР имаше изјавено дека и покрај тоа што оди во училиште, а напоредно со тоа се занимава со пеење, воошто не и претставува проблем да постигне се, затоа што нејзиното време е добро организирано.

Најдов рамнотежа, а со добро организирано време сè се постигнува. А, слободното време го исполнувам со активности како што е тренирање кик-бокс но, секако наоѓам време и да прочитам некоја книга, изјави младата Марија. Но, ете сега во нејзиниот живот се појави уште една активност, а тоа е „Kaliopi fan art“. (М.А) – Фото:ФБ.