Како Ѓоковиќ му ги разубавил затворските денови на Борис Бекер?

158

Откако беше пуштен од затвор поради финансиска и даночна измама, Борис Бекер се појавуваше во медиумите многу поретко отколку пред да биде зад решетки.

Легендарниот германски тенисер внимателно избира за кого ќе зборува и на кого ќе даде интервју, а пет месеци по излегувањето од затвор, Бекер разговараше за угледниот британски „Гардијан“.

Тој се присети на периодот кој го поминал како затвореник, а неизбежно беше да се зборува и за Новак Ѓоковиќ, чиј тренер беше. Бекер откри дека имал помош од обезбедувањето, бидејќи му било дозволено да го гледа финалето на Вимблдон во кое Ѓоковиќ го победи Ник Кирјос и ја освои својата седма титула на Вимблдон.

-Бев многу емотивен кога тоа се случи. Би било глупаво да не кажеме дека нема да го освои и Ролан Гарос. Земјата и не му е најдобра подлога, но во последните неколку години успева да најде форма само за Ролан Гарос. Се додека е здрав и сака да игра, секогаш ќе биде еден од фаворитите за освојување на грен слем, истакна Бекер.

Бекер додаде дека српскиот тенисер не ја добива љубовта и почитта што треба да му припаѓаат како играч и како личност.

-Тој е многу отворен, комуникативен човек кој понекогаш изгледа како тениска машина. Но, кога не е на теренот, тој е прилично шармантен. Можете да разговарате со него за бизнис, политика, музика, тој е добро момче. Тој е и вистински тенис историчар. Тој разбира кој бил тука пред него и сака да остави свој белег. Тој веќе го направил тоа. Исто така е перфекционист како и сите суперѕвезди. Сака да има совршен натпревар, што можеби се случило еднаш или двапати во неговиот кариера, заврши Бекер.