На аукциските куќи ретко им се случува грешка, но она што се случи со познатата аукциска куќа „Сотби“ е веројатно најголемиот пропуст досега. Тие направија голема грешка токму при продажбата на најскапиот автомобил на сите времиња, Porsche Type 64.

Како прво, наместо најавената почетна цена од 20 милиони американски долари, аукцијата започна со 30 милиони долари. Сепак, почетната сума не беше најголемиот проблем тој ден. Откако цената одеднаш започна да расте и достигна конечни 70 милиони долари, на екранот одеднаш се покажа сумата од 17 милиони долари.

Оваа, досега невидена грешка се должи на акцентот на водителот на аукцијата. Имено, операторот на екранот погрешно го слушнал водилеот и внел 30 наместо 13 милиони, односно 40 наместо 14…

Во тој момент, сите заинтересирани купувачи почнаа френетично да викаат и да ја напуштаат просторијата, а долгоочекуваната аукција беше прекината во тој момент.
Поточно, Porsche Type 64 е добро познат модел на спортски автомобили кој е произведен пред почетокот на Втората светска војна, а денес е единствениот преостанат примерок на пазарот.