Педесетгодишнината од издавањето на легендарниот албум „Space Oddity“ на Боуви ќе биде одбележана со специјална кукла инспирирана од модата на Зиги Стардаст.

Во песната „Time“ од 1973 година, Дејвид Боуви ги спомнува познатите Били кукли.

Сега, 50 години по објавувањето на „Space Oddity“, може да се каже дека тоа е куклата Барби.

Производителот на играчки „Мател“ најави нова колекционерска фигура инспирирана од модата на Зиги Стардаст.

Куклата е облечена како глем-рок алтер егото на познатиот пејач, со црвени чизми и шминка.

Новата кукла е направена во соработка со архивата на Дејвид Боуви и ќе чини 50 долари.