Какао бомбици со портокал – „лапни-голтни“ колачиња

800

Уште еден од низата слатки рецепти, без „утка“ – не може да погрешите и да сте домаќинка без големо искуство во кујната. Какао бомбиците со вкус на портокал се едноставни и вкусни колачи, кои што се подготвуваат брзо, а уште побрзо ги снемува од трпезата.

Состојки:

  • 300 гр кекс
  • 150 мл сок од портокал
  • 1 ванилин шеќер
  • 2 лажици џем од портокал или кајсија
  • 50 гр чоколадо за готвење
  • рендана кора од еден портокал
  • 1 лажица мед

Подготовка: 

Сомелете ги бисквитите, прелиј те ги со сокот од портокал, измешајте ја добро смесата, а потоа додадете мед, џем, ванилин шеќер и стопено чоколадо.

На крај, додадете ја кората од портокал, измешајте сè добро за да ги поврзете состојките.

Ставете ја смесата во фрижидер 30 минути, а потоа обликувајте бомбици. Топчињата извалкајте ги во мелени бисквити или какао.

Пријатен вкус!