Казни за 67 возачи во Шуто Оризари и во Мирковци

12

На териториите на Шуто Оризари и на Мирковци вчера изречени се вкупно 67 мерки, во рамки на засилените сообраќајни контроли.

Од нив, како што денеска соопштија од МВР, за возење без возачка дозвола се 15 санкции, 11 за непочитување на брзина на движење, четири за нерегистрирани возила и две санкции за возење под дејство на алкохол.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, посочуваат од МВР и апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.