Веројатно ја памтите се уште Маја Поцевска, поранешната успешна македонска водителка и авторка на многу гледани забавни телевизиски емисии и ток-шоуа на многу македонски телевизии. Во меѓувреме Поцевска се повлече од јавниот живот, се вработи во државна фирма а, на популарноста пак ќе и се врати кога за тоа ќе и дојде време – Кога ќе почувствувам дека сакам пак да бидам во виорот на настаните кои им се интересни на медиумите и гледачите, тогаш ете ме пак меѓу познатите, вели Маја за “Вечер“. Водителката во својата успешна кариера смени многу пати имиџ, а пред дефинитивно да се збогува од малите екрани, Поцевска стана русокоса.

Пријателите и велат дека сега многу потсетува на славната актерка Мерлин Монро што на Маја многу и годи. – Сакам промени во изгледот, никогаша нема да си дозволам да бидам здодевна на самата себе си, на моите најблиски, но и на мојот дечко. И навистина Маја не згрешила, да се обложиме дека сега е поатрактивна. Веројатно промената и годи и кога е на летен одмор во зимско време на егзотичниот Бали од каде постира свои интересни фотографии од плажа. Д.М.