Кавани главен во нападот

84

Сопственикот на новиот американски фудбалски клуб, Интер Мајами, Дејвид Бекам, ќе се обиде да ги осигура и услугите на уругвајскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, Единсон Кавани.

Искусниот напаѓач на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен играч, но раководните лица на „светците“ не покажуваат никаков сигнал дека сакаат да ја продолжат соработката. И покрај големиот интерес на Бекам, фудбалските медиуми се убедени дека Кавани сака уште неколку сезони да настапува во Европа.