Исчистена депонијата кај Железничка станица

40

Исчистена е депонијата кај Железничка станица која со години преставуваше место за фрлање градежен отпад од несовесните граѓани и ја загадуваше животната средина.

Од Градот апелираат до граѓаните да не создаваат нови депонии и да се грижат за околината во која живеат.

– Скопје е град за сите и само заедно можеме да го направиме подобро место за живеење – потенцираат градските власти.