Познатиот британски рагбист и учесник во музичкото реално шоу X Factor Леви Дејвис (24), исчезна пред три месеци. Оттогаш, неговото семејство не знае ништо за него. Дејвис исчезна кон крајот на октомври додека престојуваше во Барселона, а шпанската полиција го внесе во системот за исчезнати лица.

Семејството очајно бара помош од сите, но засега нема вести за него. За тоа време весникот од Барселона „Ла Вангардија“ тврди дека Дејвис се задолжил кај мафијата и дека тоа е можна причина за неговото исчезнување. Наводно, зел 100.000 евра од сомалиската мафија, а парите ги позајмил за да одржува висок живот.

“Дејвис дојде во Барселона за да избега од тие криминалци. Тој се најде во многу деликатна ситуација и беше убеден дека тие ќе дојдат по него. Тврдеше дека еднаш се обиделе да го отрујат”, пишува La Vanguardia.

Приватниот детектив Гевин Бароуз, кој работел на неговиот случај, верува дека Леви најверојатно се удавил затоа што едно лице било видено во водата кај пристаништето кусо откако Леви последен пат бил виден.

“Локацијата беше пребарана, но не беше пронајдено тело. Сепак, неговиот пасош е пронајден во областа”, рече Бароуз.

Леви на денот на неговото исчезнување побарал од пријател да му испрати 30 фунти од Велика Британија за да најде место за престој, а преку социјалните мрежи договорил и средба со непознато лице чиј идентитет се уште не може да се открие.