Американската професионалка во алпско скијање, Хилери Нелсон, се води за исчезната во експедиција на Непал, соопшти еден од нејзините спонзори, компанијата „Норд фејс“. Американката, која е на возраст од 49 години и има плодна спортска кариера долга две децении, наводно пропаднала под врвот на планината Манаслу во Непал, осма по височина планина во светот.

  • Во контакт сме со семејството на Хилери и помагаме во спасувачките напори како што можеме – соопшти компанијата на Твитер.

Нејзиниот сопруг, Џим Морисон, со кого има две деца, е, исто така, искусен скијач. Двајцата во понеделникот заедно скијале и ја истражувале планината во Непал кога било соопштено дека таа исчезнала.