Историјата не лаже, само се потврдува: жените убијци отсекогаш биле позагадочни од мажите

200

Како во поп-културата така и во стварноста, публиката повеќе ја интересираат жени како негативци, ладнокрвни убијци, отколку мажи, утврди „Њујорк тајмс“.

Уште од античко време во Хомеровата „Илијада“ се среќаваме со жената-убиец, сопругата на кралот Агамемнон, кого по враќањето од десетгодишната војна со Тројанците го убива сопругата Клитемнестра.


Оттогаш па сѐ до денес, за публиката која ги следи поп културата и стварноста, жените кои имаат извршено убиство се истовремено и интересни, ама и одбивни.
Уште пред 2.500 години публиката ги полнела сите места во Атинскиот амфитеатар за да ја гледа трагедијата на Есхил во која херојот кој се враќа дома од војна го чека жена која во бањата го убива гол во кадата.
Убиството е уште пострашно бидејќи е изведено од сопругата Клитемнестра, чие име оттогаш станува синоним за женски злочин.
Целата драма на Есхил е класичен заплет на семејно убиство, иако жените-убијци се многу поретки од мажите.

Јавноста е многу позаинтересирана доколку убиецот е жена, што го наметнува и прашањето зошто е тоа така.
Стотици години смртните казни за најтешки за злодела биле извршувани на јавни места и тоа била популарна забава за јавноста. Во средината на 19. век кога весниците станале достапни за секого значително се зголемил интересот за злочините, а особено за оние во кои жени биле извршителите на злоделото.
Така во 1849 година, Марија Манинг, швајцарска собарка, го убила својот поранешен љубовник.
Нејзиниот маж го дотепал виновникот, а потоа го закопале под плочите со кои била поплочена нивната кујна.
Случајот бил многу привлечна приказна бидејќи содржела лакомост, секс и одвратно убиство, па печатот од таа приказна направил сензација. Иако убиството го извршиле обајцата во печатот главна улога имала Марија, а издавачот продал 2,5 милиони примероци од својот весник во земјата која имала вкупно седум милиони жители.
Друг издавач од Велика Британија печател два и пол милиони додатоци посветени на тој злочин, во земја кој имала 20 милиони жители.
Погубувањето на Манингови го набљудувале 50.000 жители, а најмногу внимание било посветено на егзекуцијата на Марија Манинг.


Темата жена-убиец добила значајно место кога мадам Тисо го отворила својот музеј на восочни фигури во 1835 година, бидејќи таму прикажала неколку познати жени убијци.
Посетителите јурнале да ги видат одблизу жените убијци. Во салата на хоророт имало 14 жени кои биле погубени поради убиство.
Мајсторите ги изработувале нивните фигури во восок во текот на судењето и веднаш по погубувањето биле прикажувани во музејот.
Така во музејот било прикажано погубувањето на Мери Пирси, која е погубена на 23 декември 1890 година поради убиство на сопругата на својот љубовник и нивното бебе, и тоа само три дена по нејзината смрт.


Музејската сцена билa опкружена со мебелот од станот во кој бил извршен злочинот, кој мадам Тисо го купила од полицијата.
Таа сцена привлекла 3.100 посетители во еден ден.
Во денешно време нема погубувања, ниту бројот на жени убијци е намален или зголемен во текот на изминатите векови, ама интересот во јавноста и понатаму е поголем кога во се во прашање жени убијци, па затоа и телевизијата, филмовите и романите сѐ почесто третираат теми со злочини на жени.