Историја на музиката во едно видео: Најпродаваните албуми од 1969.

217

Светски познатите групи, како „Битлси“ и изведувачи како што е Мајкл Џексон, уривале рекорди по продажба на албуми од 1969 до раните 2000-ти.

„Битлси“ убедливо држат рекорд, кога станува збор за најпродаван албум на музичка група. Тие во периодот од 1960 до 1970 година, продале меѓу 500 и 600 милиони примероци.

Мајкл Џексон и Елвис Присли беа изведувачи кои од шеесетите години забележале најголеми успеси. Елвис продаде 500 до 600 милиони плочи, а Џексон продаде 300 до 350 милиони.

Рок-групата „Иглс“ забележа најголема продажба во доцните 1970-ти, до 200 милиони единици и го надминаа Елвис Присли, кој беше многу популарен.

Кралот на попот повторно се врати на престолот во 80-тите години и остана на него подолг период. Во раните 90-ти, Мајкл ја „собори“ Мадона, која брзо го освои светот и продаде повеќе од 300 милиони албуми.

Во раните 2000-ти се појавија нови изведувачи, попознати пред помладите генерации. Еминем, Селин Дион, Мараја Кери, Бритни Спирс, Лил Вејн, Џеј Зи, Ријана, Тејлор Свифт и други ги срушија рекордите во продажба на албуми.

Погледнете ја деталната статистика подолу во видеото: