Една од најголемите ѕвезди во НБА лигата, Кари Ирвинг, не сака да чуе за ваквцијанција против коронавирус, а тоа го натера раководството на Бруклин да го стави на трансфер-листа.

Ирвинг би можел да си замине од клубот на крајот од сезоната иако неговиот договор со тимот е до летото 2023 година, но има клаузула која го ослободува наредното лето.

Проблематичниот кошаркар наскоро би можел да добие нова играчка средина, но поради вакцинацијата голем број клубови веднаш се откажаа за неговите услуги.