Инцидент на божиќен панаѓур во Англија:Автомобил влета во толпа луѓе

121

Автомобил кој возел со брзина од околу 80 километри начас влета денеска во топла луѓе на божиќниот панаѓур во Конглтон, во Чешајер, во Англија, а во инцидентот немало повредени.

Во тој момент на панаѓурот се наоѓале 800 луѓе, пренесе британскиот дневник „Дејли мејл“.

Итните служби се повикани по извештајот дека автомобил влетал во топла, во која имало семејства и мали деца, во попладневните часови.

Полицијата соопшти дека никој не е повреден и дека досега се уапсени три машки лица.

Полицијата на Чешајер наведе за „Дејли мејл“ дека се чини дека инцидентот не е поврзан со тероризам.

Во соопштението се додава дека инцидентот се случил некаде по 16.00 часот и дека го предизвикал „Фолкфаген голф“.

Напуштен автомобил е пронајден набрзо по инцидентот, а три машки лица веднаш се уапсени и се наоѓаат во притвор.