Интернационално освежување на старата македонска народна песна : “Море сокол пие“ во изведба на шпанскиот„Barcelona Gipsy Balkan Orchestra”

375

Покрај песните на шпански, руски и ромски, изведуваат и песни и на српски јазик, овој ансанбла сега пее и на македонски. Велат, дека македонскиот јазик е еден од најмелодичните светски јазици

Интернационалниот ансамбл „Barcelona Gipsy Balkan Orchestra”  после нашиот ангел Тоше Проески и босанската пејачка ѕвезда Ханка Палдум го снимија во нова модерна верзија македонскиот народен евергрин “Море сокол пие… вода на Вардарот“.         Оваа стара македонска песна изникната од срцето на народот уште од далечната 1873 година и до денес остана да се пее на секаде во Македонија, а сега и ширум светот.

– Ова е нашата музичка средба со вечна мелодија чија тежина ги одбележа генерациите низ вековите. Преку песната ги поврзуваме трите балкански земји Македонија, Црна Гора и Албанија во една приказна и тоа од двете страни на Скадарското Езеро. И сето тоа низ “призмата“ на величествениот македонски сокол, вели со големо задоволство контрабасистот на оркестарот Иван Ковачевиќ кој е видливо пресреќен поради направената работа со песната на која ансамблот и даде нов живот.

Седиштето на анасблот е во Барселона, во Шпанија. Тие покрај песните на шпански, руски и ромски, изведуваат и песни и на српски јазик, а сега и на македонски. Велат, дека македонскиот јазик е еден од намелодичните светски јазици и дека нема да застанат само на “Сокол“. Имаат во план уште неколку македонски музички бисери да обработат. Неодамна го снимија албумот „Нова ера“ со новата пејачка, Италијанката Маргерит Абита. И, таа одлично се снаоѓа со македонскиот јазик. (Д.М.)foto:YT