Интензивно се работи на проширување на влезот во Клиничкиот центар

174

Град Скопје, интензивно се работи на проширување на влезот за возилата на Брза помош во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов на својата фејсбук страница пишува дека денеска се отстрануваат остатоци од корења на тротоарите и се ослободува просторот.

Водно, тој објаснува дека Град Скопје го помага Министерството за здравство преку проширување на влезот во Клиничкиот центар за возилата на брзата помош и изградба на посебен влез кон Инфективната клиника, во насока на подобрување на пристапноста до клиничкиот центар „Мајка Тереза“.