Индонезискиот вулкан Анак Кракатау еруптираше – исфрла пепел и лава

156

Вулканот Анак Кракатау во Индонезија еруптираше, исфрлајќи лава и пепел три километри во воздухот, потврдија денеска официјални лица.

Вулканот на островот во теснецот Сунда, меѓу најголемите острови Јава и Суматра, од синоќа еруптираше седум пати.

Тоа е најдолгата ерупција од експлозивниот колапс на планински вулкан што предизвика смртоносно цунами во 2018 година долж бреговите на Јава и Суматра, при што загинаа 430 луѓе.

Во последната ерупција нема пријавени жртви и не е издадена наредба за евакуација. Најблиската населба е на околу 16 километри од вулканот.

Највисоката тревога од четврти степен е на сила, а властите ги предупредија жителите и туристите да не се приближуваат на помалку од пет километри од кратерот. Досега луѓето одеа на врвот за да го набљудуваат спектаклот на природата.

Научниците од Геолошкиот центар соопштија дека по ерупцијата и колапсот во 2018 година, островот Анак Кракатау е само околу четвртина од неговата оригинална големина. Нејзиниот врв бил висок 338 метри, а сега е 158.

Анак Кракатау, што значи „дете на Кратакау“ – познатиот вулкан Кракатау чија монументална ерупција во 1883 година предизвика период на ладење низ светот.