Имате слаба концентрација, нерасположени сте – потсетете се како се храневте во последните 5 дена

435

Последните откритија на Американската академија за неврологија покажуваат дека консумирањето храна богата со маснотии и шеќери, подолг период, може да доведе со проблеми во паметењето, ама и до намалување на концентрацијата.

Експеримент спроведен на Универзитетот Оксфорд, објавен во списанието „Американско списание за клиничка исхрана“, покажал дека е доволно само пет дена консумирање храна богата со маснотии да искусите намалување на вниманието и памтењето, како и промена на расположението, пренесува Бизнис инсјадер.

Всушност, студијата открила дека луѓето кои консумирале појадок што содржи голем процент на масти, за само пет дена, можеле да доживеат значителни промени во мозокот, што може да доведе до проблеми со учењето и дефицит на памтењето што се забележува кај луѓето со претерана тежина.

Студијата, објавена во „Психолошка наука“ покажала дека дури и ако често се консумираат чипс и газирани пијалаци тоа може да доведе до слични симптоми. Маснотиите и шеќерот го зголемуваат нивото на шеќер во крвта, што влијае на метаболизмот на глукозата и на производството на инсулин во телото.