Мајкл Пекард, човекот кој деновиве стана светска сензација со своето сведоштво дека го проголтал и потоа го исплукал кит, во 2001 година преживеал и авионска несреќа. По падот на авионот тој завршил со неколку скршеници на рацете и на нозете и бил пронајден во џунгла заедно со уште четворица преживеани.

Откако Њујорк Пост на насловната страница ја објави неверојатната приказна за човекот што бил во оста на кит и преживеал, истражувачките новинари нашле и една статија од локален весник од 2001 година за падот на авионот. Меѓу петмината преживеани бил и Мајкл Пекард. Во почетокот било нејасно дали се работи за истиот човек, но откако ја контактирале семејната галерија што ја води неговата мајка, тоа им било потврдено.

Мајкл Пекард кој го проголтал кит и Мајкл Пекард кој преживеал пад на авион се истата личност, пишува Њујорк Пост.

Среќниот или несреќниот Пекард бил во авионот што паднал во Костарика. Во несреќата погинале три лица, а Мајкл бил тешко повреден со скршеници по рацете и нозете, но успеал да се спаси. Заедно со уште четворица преживеани патници тие по несреќата поминале два дена во џунгла пред да бидат спасени.

Кога стигнале во болницата, докторот му рекол дека немало да преживее уште една ноќ. Од устата на китот, Мајкл успеал да се спаси многу побврзо.

Мајкл Пекард стана ѕвезда во светските медиуми изминативе денови откако ја раскажа својата неверојатна приказна како заврѓил во устата на кит додека ловел јастози.

„Се чувствував како да ме погоди воз! Се беше црно. Се прашував, што се случувува?! Каде сум?! Да не ме изеде некоја бела ајкула? Но, тогаш сфатив дека ме проголтал кит“ – раскажа Мајкл Пекард, кого како што вели, китот го плукнал после 40 секунди.