Има голема желба: Мартијан по кумановски:“Би снимаја дует сс Лепу Брену!“

106

По завршувањето на минатата сезона на шоуто на „Ѕвездите на Гранд“, кумановецот Мартинијан Кириловски кој е победник и на “Макфест“ уште повеќе стана познат. Тој со својот глас, насмевка ја освои публиката особено онаа од понежниот пол.
Мартинијан минатата година беше под менторство на Јелена Карлеуша, а благодарение на нејзините естрадни совети тој успеа да влезе во финалето. Кириловски е активен на социјалните мрежи, па на неговите следбеници на социјалните мрежи често им одговара на прашањата.
Тој во кусите приказни на „Инстаграм“ добил многу пофалби, позитивни реакции. Некој од фановите сериозно го прашал дали би снимил дует со Лепа Брена, а тој одговорил: „Со задоволство“ или “СС са задовољство“ , се разбира на својот оригинален кумановски што предизвика многу симпатии….