Илон Маск ја продаде и последната куќа и сега е „кираџија“

962

Илон Маск, вториот најбогат човек во светот, официјално повеќе нема свој дом. Тој го исполни ветувањето и ја продаде и последната куќа.

Извршниот директор на Тесла и на СпејсИкс, во четвртокот го продаде својот имот во Силиконската долина за 30 милиони долари, што е за 7,5 милиони долари помалку од првобитната цена побарана за имотот.

Маск чие богатство се проценува на 151 милијарда долари, претходно рече дека имотот од 47 хектари јужно од Сан Франциско е неговата последна преостаната куќа.

Американскиот милијардер моментно живее ви изнајмена куќа вредна 50.000 долари во Бока Чико во Тексас, во близина на својата фабрика за производство на ракети.

„Мојот примарен дом е куќа од 50 илјади долари во Бока Чико која ја изнајмувам од СпејсИкс. Сепак е некако сјајно“, напиша Маск на твитер.