Изминатата недела санкционирани 136 непрописно паркирани возила

123

Изминатата недела се санкционирани 136 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Од ЈП Паркинзи на Општина Центар соопштуваат дека во периодот од 18 до 24 јануари 2021 година, со „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 69 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „блокатор“ санкционирани се 67 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

Од ЈП ПОЦ и Општина Центар дополнуваат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.