Изложбата „Дијалог“ на Ана Трајковска и Ива Стаменковска во Делчево

186
Кобинацијата од две индивидуални дела претставени во едно на младите уметници Ана Трајковска и Ива Станковска е поставена во Делчево.
Изложбата насловена „Дијалог“ се реализира во организација на Центарот за култура „Никола Јонков – Вапцаров“ од Делчево, чиј директор Методи Толевски најави дека ќе биде отворена во наредните десетина дена.
„Се работи за изложба на млади уметници од Скопје кои го искористија просторот во големата сала во фоајето на Спомен дом АСНОМ, за да го прикажат своето дело ‘Дијалог’. Настанот се реализира како дел од проектот Нов културен бран“, истакна Толевски.
Според авторката Ива Станковска, „Дијалог“ претставува рефлексија од две индивидуални дела кои кулминираат во создавање на едно заедничко дело.

„Станува збор за комбинација од слика и графика. Со помош на рефлектори, тие се отпечатуваат на платно во средина и создаваат едно ново дело, таканаречен ‘Дијалог’ помеѓу различни медиуми. Содржи метална инсталација, посебно по нарачка за потребите на ова дело и е фактички светлосна инсталација, бидејки без светло заедничкото дело не би постоело“, истакна Станковска. Изложбата е поддржана од Министерството за култура.