Изложба: „Обоена колекција на радост“ на Блажески во КИЦ

285

„Обоена колекција на радост“ е насловот на изложбата на Сашо Блажески која ќе биде отворена во Изложбениот салон – Империјал 1 при Културно-информативниот центар во Скопје, на 6 декември, со почеток од 20 часот. На изложбата ќе бидат изложени 20 дела, акрилик на платно, создадени 2019 година од ликовниот уметник, а публиката ќе може да ја погледне до 14 декември.

Блажески е роден 1980 во Охрид, магистрирал 2008 г. на Факултетот за ликовна уметност во Букурешт, Романија. Самостојно изложува од 2007 во Македонија, Романија, Германија, Босна и Херцеговина, а реализирал и повеќе групни изложби во САД, Канада, Шведска, Бугарија, Турција, Романија, Јапонија, Италија, Албанија, Германија, Велика Британија, како и во нашата земја.