„Планина“ е насловот на онлајн изложбата на фотографии на Димитар Апостолов, која ќе се одржи денеска преку „virtual streaming“.

Апостолов е познат на македонската уметничка сцена под неговиот алијас Zewlean Icarus. Препознатлив по својот оригинален стил, модерна естетика и уникатен уметнички израз, тој , во последниве две децении, има четири претходно поставени самостојни изложби зад себе и реализирано учество на повеќе групни изложби, а е добитник и на бројни домашни и меѓународни награди, во главно во доменот на уличната фотографија, портретурата, експерименталната и пејсажна фотографија, како и на други жанрови.

Настанот е конципиран во хибриден формат, а изложбата ќе биде проследена со музички перформанс на џез бендот Сетстат.