Изложба на отворено во Куманово „Портрети на американски претседатели“

59

Секторот за култура и спорт и Фондацијата за култура од општина Куманово, денеска на отворено на градскиот плоштад кај Центарот за култура ја организираше изложбата „Портрети на американски претседатели“.

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, во свое и во име на граѓаните го честиташе Денот на независноста на САД, 4 јули и ги повика кумановци да ја разгледаат изложбата, чиј автор е самостојниот уметник Борче Тодоровски од Прилеп.

– Соработката со нашиот стратешки партнер САД е на највисоко ниво и ние како општина имаме голема соработка. И со државата, а добиваме и помош од граѓаните преку различни асоцијации како што е УСАИД, други невладини организации и сакаме да продолжи таа соработка на највисоко ниво, вели Димитриевски.

Тој во изјавата истакна дека голем број кумановци работат за американски компании во Ирак, Авганистан и други држави како логистика за американската војска. Димитриевски потенцира дека на овој начин сакаат да се приклучат на иницијативата која ја иницираше Американската амбасада во државата за взаемно одбележување на 4 јули.

Изложбата „Портрети на американски претседатели“ во Куманово беше отворена лани летото. Опфатени се портети на сите американски претседатели.